Здрава храна – грозје

Традиција, стил, здравје – вака со три збора би се опишало грозјето.

Тоа е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали од кои најмногу се застапени:  калиум и калциум.

Поради ова, нутриционистите го вбројуваат во едно од најздравите овошја на листата за здрава храна.

Делува како природен тоник на организмот, има антиканцерогено дејство, тоа е овошје со јако дејство против бактериите, вирусите, воспаленијата и алергиите, помагаат за заштита од срцеви болести, рак и стареење на мозокот. Истражувачите од Универзитетот на Мичиген докажале дека грозјето може да помогне во контрола на крвниот притисок.

Првите плодови веќе се достапни, а оние кои ги купуваат ги конзумираат на свој начин, по свој вкус.

„Грозјето е многу убаво за јадење и од него може да се направе и слатко и сок“ , кажаа граѓаните на Штип.

Најубавото грозје кое се одгледува во Македонија е од Тиквешко:

„Има повеќе сорти на грозје, но нивното одгледување е тешко, затоа што цената за продажба на грозје во големи количини е многу мала“ , изјави производител на грозје.

Во Македонија наскоро започнува сезоната на гроздобери, што значи дека грозјето и во следниве месеци ќе биде достапно и оние кои го конзумираат ќе можат да уживаат во неговите благодети.

 

SHARE

LEAVE A REPLY