Штипски атлетичар истрча шести во Србија

Голем успех за штипскиот атлетичар Кристијан Китанов на трката која се одржа во Србија, во градовите Чуприја и Пожаревац:

  • Заедно со Атлетската федерација на Македонија учествувавме на двете трки на 1.000 и на 3.000 метри. Јас учествував на 3.000 метри и го освоив шестото место, рече Кристијан Китанов, атлетичар.

Ова е голема мотивација за него и тој не застанува овде, продолжува и понатаму со трките:

  • Се подготвувам за изборното првенство кое ќе се одржи во Скопје и најдобрите добиваат карта за Балканијада која ке се одржи во Чуприја, Србија

Очеувањата на Китанов се големи и тој ќе продолжи со интензивни тренинзи и понатаму.

 

SHARE

LEAVE A REPLY