Во очи на Божик семејствата се собираат околу трпезите. Градоначалникот Захариев повторно на една маса и со бездомните

Верниците утре го слават,  најголемиот христијански празник, раѓањето на Исус Христос – Божик.  Раѓањето на Христос, всушност значи раѓање на надежта за спас на човечкиот род, зашто тој дојде на земјата за врз себе да ги прими нашите гревови.

Токму и поради ова, Божик треба да биде посветен на молитва и радост:

  • По велигден, Божик е најголемиот празник во христијанството зашто го означува раќањето на Исус кој нé спаси од првородениот грев, кажа протојереј ставрофор Николче Ѓорѓев.

Почетокот на божикните празници го најавија  коледерите , симболите на ангелите кои го наговестија раѓањето на Богомладенецот, но и вечерната богослужба во христијанските храмови:

  • Си заедовме бадникови гранчиња, ќе ги ставиме на трпезата и потоа ги чуваме цела година, рекоа верници.

За разлика од претходните години, во црквите не се палеше коледарски оган, а истите беа откажани и во повеќето урбани заедници:

  • Го почитуваме повикот на црквата да не се пали оган, па се собравме само си поделивме паричка и го прославивме овој ден, кажа Елена Коцева, прет. на УЗ „Славчо Стојменски“ – Штип.

По Коледе, следува Бадник кога  семејствата се собираат околу трпезите. Некои си ги подготвија сами, други побараа помош од професионалците:

  • Имаме многу порачки за зелници и лепчиња со парички, кажа Билјана Илиевска, прехранбен технолог.

Градоначалникот Захариев и оваа година, повторно на една маса и со бездомните:

  • Ова е убава традиција да се собереме на една маса со овие луѓе и да придонесеме и те да ја почувствуваат бадниковата радост, кажа Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
  • Благодариме на градоначалникот што и оваа година не собра на едно место како едно семејство, кажа Гордана Милосављевиќ.
  • Првпат сум овде на оваа бадникова вечера како гост и токму мене ми се падна среќата, односно паричката, рече Александар Стаменков.

Во чест на Рождеството Христово, Божикна средба ќе организира и христијанската црква Оаза:

  • Им го честитам овој ден на сите христијани и повикувам во недела во 18.00 часот на заедничка молитва, кажа пастор Ангел Павлов.

Денес честитки по повод  големиот христијански празник, Божик , до верниците упатија  и политичарите.

 

SHARE

LEAVE A REPLY