Струмица: 60.годишен човек починал премрзнат на снегот !

Брзата помош интервенирале по што 60 годишниот старец бил однесен кај неговите најблиски кои го префрлиле во неговиот дом.

60 годишниот Трајко Трендов од Струмица починал од смрзнување.Неговото тело било пронајдено пред неговиот дом на улицата Пиринска вчера во раните утрински часови од страна на негови соседи. Надлежните кои излегле на терен констатирале дека Трендов починал од студ бидејки на неговото тело не биле забележани траги на насилство.

Во саботата Трендов лежел на улицата Куршевска. Брзата помош интервенирале по што 60 годишниот старец бил однесен кај неговите најблиски кои го префрлиле во неговиот дом.

Деновиве темпертурите во Струмица се под нулата а преку ноќните часови стасаа и до 18 целзиусов степен под нулата.

LEAVE A REPLY