Албанскиот Премиер Рама глуми обединувач на Албанците во Македонија – На овој снег, Македонците од Голо Брдо не ги ни погледнува !

Властите во Албанија немаат одговор за потребите на Македонците во Голо Брдо.

Отсечени од цивилизацијата, оставени без струја, заборавени од државата. Македонците во Голо Брдо мака мачат по снегот кој ги затрупа патиштата. Властите во Албанија заборавиле дека и таму има луѓе кои имаат право на живот. Четири дена без струја, храна и лекови. По новата територијална поделба немаат ниту каде да побараат помош, општината под која припаѓаат се наоѓа на два часа возење.

Заборавени од државата морале сами да го пробиваат снегот и преку планинските врвови пеш да стигнат до Дебар. Наместо во Албанија неопходните намирници ги бараат во Македонија.

Нема резултат ниту од апелите за помош на Македонското друштво – Илинден од Тирана. Властите во Албанија немаат одговор за потребите на Македонците во Голо Брдо. Тие ја продолжуваат битката, надевајки се дека студот што побргу ќе заврши, а снегот ќе се стопи зошто ниту годинава не очекуваат Албанија да се сети на нив.

LEAVE A REPLY