ВИДЕО: Додека директорот на турски ски-центар се смее, во позадина гостите ги затрупала лавина !

Директорот на турскиот скијачки центар се нашол на удар на јавноста поради интервјуто кое опуштено го привел при крај, и покрај драмата која му се одвивала зад грб, во која можело да има и мртви.

На социјалните мрежи денес се проширила вознемирувачка снимка настаната на 29. декември минатата година, во турскиот град Картепе.

Додека директорот на ски-центарот давал интервју за локалната телевизија, на кое ја фалел атмосферата и грижата за гостите, низ дел од скијалиштето минала снежна лавина која затрупала неколку гости.

Иако сето тоа му се случувало зад грб, тој на оваа застрашувачка сцена реагирал со насмевка, а дури и на новинарската екипа и сугерирал дека може да биде среќна дека сето тоа го снимила со камера.

LEAVE A REPLY