Делчево ја усвои програмата за патишта. Според опозицијата проектите се исти од лани

Делчево во 2017 година планира да гради и реконструира 7 општински патишта до населените места и 20-ина улици во градот и селата. Програмата за изградба и реконструкција на патишта за советниците од опозицијата е старо- нова, со измени само за патниот правец за Долни ливади во селото Град и реконструкција на улицата Кеј на Брегалница и улицата кон социјалната зграда.

  • Бидејќи секоја година програмата е иста, јас би ви препорачала да важи за 10 години, за да не се повторуваме секоја година, изјави Сузана Крстева, Советник од СДСМ.

Делчево за изградба на улици во буџетот предвидела околу 40 милиони денари.

  • Програмата се ажурира, тие улици што се изградени или реконструирани се тргнати, оние кои се работат се останати, изјави Ѕвонко Атанасовски, Одделение за урбанизам.

На Седницата едногласно беше усвоена и Програмата за уредување на градежното земјиште за 2017, како и беше донесена одлука за изработка на урбанистичко- проектна документација за изградба на улици во Стамер и Тработивиште.

Инаку, советниците едногласно одлучија да му доделат 60 илјади денари за лекување на Аце Трајановски, кој боледува од редок тип на дијабет.

SHARE

LEAVE A REPLY