ЗГ „Јосип Броз Тито“ – Кочани прослави 9 години постоење

Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“ од Кочани одбележа девет години од формирањето.

Роденденот, членовите го прославија со единствена порака, дека никогаш не биле и нема да бидат политички определени:

  • Имавме понуди од одредени политички партии, но ниту сме биле ниту имаме намера да се ангажираме во политиката, кажа Трајан Трендов, прет. на ЗГ „Јосип Броз Тито“ – Кочани.

Досега, сите активности кои ги спровело Здружението, не биле помогнати ниту од општината ниту од некоја политичка партија.

Така, велат, ќе биде и оваа година кога повторно се планирани повеќе активности:

  • Имаме многу активности од кои највначајни ни се на 4 мај кога го посетуваме гробот на Маршалот во Белгрда и штафетата што ја носиме на 25 мај, кажа Трендов.

Инаку, ова Здружение со подржувачи на Тито, е единствено во државата, кое освен на хартија фунцкионира и во пракса. Во него, во моментов членуваат околу 100 граѓани, а изминатава година ќе ја паметат по се поголемиот број на млади членови.

SHARE

LEAVE A REPLY