Инцидент во Кочани. Ем го удрил со автомобил ем му извадил пушка

Инцидент во Кочани. Ем го удрил со автомобил ем му извадил пушка. Вака 60-годишен кочанец изреагирал откако ао автомобилот се лизнал и завршил во друго возило.

Наместо да се исвини и да ја поправи штетат, тој излегол од автомобилот и на возачот од другото возило му извадил пушка. Што имал намера со неа да направи е прашање, но за кратко време се освестил и пушката ја вратил назад во гепекот. Станува збор за ловечка пушка која кочанецот ја поседувал со дозвола, но истата смеел да ја вади на ловиште, а не на улица.

поголем иницдент спречила присебноста на другиот возач, момче на 26 години кои цело време останал во својот автомобил.

Случајот е пријавен во полиција , по што на 60-годишникот му е поднесена пријава за „загрозување со опасно рудие при тепачка или караница“.

SHARE

LEAVE A REPLY