Кочани меѓу градовите со најмногу заболени од грип во државата

Кочани меѓу градовите со најмногу заболени од грип во државата. Неделно се регистрираат по околу 200  новозаболени кои се одицијално регистрирани во центарот за јавно здравје.

Во моментов, во општината се регистрирани 330 случаи на грип, наспроти минатонеделните 160. За првпат грип е регистриран и во Берово каде има 17 заболени; додека во Виница бројот на регистрирани случаи на грип е 139.

Сепак, бројката на болни е веројатно многу поголема, сметаат епидемиолозите.

  • Според некои непишани епидемиолошки правила, бројот на заболени е секогаш неколку кратно поголем од заведениот, меѓутоа поголемиот број не се јавуваат на лекар, изјави д-р Натка Каранфилова, епидемиолог.

Ширењето на грипот не го сопреа ниту неработните денови ниту минусните температури. Поради ова лекарите, уште еднаш со веќе познатите препораки:

  • Не треба да се мешаат болни и здрави лица, да се избегнуваат поголеми собири, да внимаваат на исхраната, начинот на облекување, повеќе течности да внесуваат, сокови, чаеви, супи, изјави д-р Натка Каранфилова, епидемиолог.

Бројот на заболени од грип Кочани го става во редот на општините со т.н. висока активност на грип, заедно со Тетово и македонски Брод, а врвот по бројот на заболени и понатаму го држи Свети Николе.

Поради отсуство на дел од епидемиолозите, како е во Штип – нема кој да каже официјално.

SHARE

LEAVE A REPLY