Ни снегот ни мразот не ја скршија верата. Синоќа до доцна се славешe Свети Стефан на манастирот „Добра вода“

Ни снегот ни мразот не ја скршија верата. Синоќа до доцна се славеша Свети Стефан на манастирот „Добра вода“ во Оризари. Традицијата е од пред пет години кога за првпат организирано на трет ден Божиќ верниците се собрале овде.

Оттогаш досега, се која година споменот на првомаченикот собира многу верници овде:

  • Прво беше кум на славата домакинот. Минатата година беше Јоце, а годинава паричката падна во Бошко, кој ќе не организира догодина, изјави свештеник Тоше Манев.

Традиционално, стариот и новиот кум си го предадоа кумството:

  • Па искрено не очекував, имаше многу верници овде, но чест и задоволство ми беше што мене лично ми се падна паричката. Се надевам годинава ќе бидам среќен, изјави новиот кум Јоцо.
  • Минатата година исто бев присутен, ми се падна мене паричката, и таа среќа ме донесе овде да ја споделам со сите верници, изјави минатогодишниот кум Бошко.

Верниците на Добра вода до манастирот дојдоа по снег и мраз, но и по лош пат чија реконструкција ја бараат одамна:

  • Патот се надеваме дека ќе се направи, ние веќе разговаравме, планот е готов. Исто да дојде пролет, да се оправи времето, да почнеме со изградба на новата кујна, изјави Стефан Смилков, домаќин на манастирот.

Инаку, на манастирот „Света Богородица“, познат како – Добра вода“ е изграден  во 1974 година на темели од стара црква. Осветен е на 01.05.1992 година.

Секоја година се слави на првиот петок по Велигден или кај народот познат како Источен петок – Балаклија кога се празнува со црковно народен собир. Се верува дека водата во овој манастир е лековита.

SHARE

LEAVE A REPLY