Али Ахмети: Се е е можно, па и нови избори ако не се прифати албанската платформа !

Тој додаде дека основа за преговорите ќе биде неодамнешната платформа што ја презентираа албанските партии, како и дека сите опции се отворени.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа беше гостин во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 и рече дека е логично да преговара со Никола Груевски за создавање нова Влада, а со оглед дека тој го доби мандатот по изборите.

Тој додаде дека основа за преговорите ќе биде неодамнешната платформа што ја презентираа албанските партии, како и дека сите опции се отворени.

Тој во интервјуто кажа дека е можно дури и одење во опозиција или нови избори, но одлуката за тоа мора да се разгледа, па дури потоа да се одлучи. Ахмети нагласи дека без прифаќање на платформата на трите партии на Албанците во Македонија, подобро е да има нови избори оти инаку тешко дека е можно да се формира влада.

LEAVE A REPLY