ВИДЕО: Брејвик, норвежанецот кој уби 77 лица, почна жалбена постапка – Влезе во судот пак со нацистички поздрав !

Норвешкиот масовен убиец Андерс Брејвик, кој уби 77 лица во Осло во 2011 година изведе нацистички поздрав додека влегуваше во судницата во затворот каде почнува постапка за неговата жалба дека му се прекршени човековите права.

Облечен во црно, со брада, Брејвик кратко се загледал во новинарите додека го изведувал поздравот. Норвешка се жалеше на пресудата на судот во Осло од април минатата година, според која се прекршени човековите права во случајот на Брејвик кој од пресудата за убиства и тероризам е во потполна изолација.

Тој ја тужеше норвешката влада поради „нехумани услови“ во затворот и за кршење на Европската конвенција за човекови права.

Брејвик на претходното судење изјави дека Владата се обидува да го убие држејќи го во изолација, но нацистичката идеологија му помогнала да преживее. И на едно рочиште минатата година упати нацистичи поздрав.

Осуден е за тероризам и масовно убиство на максимална казна затвор од 21 година, а казната може да биде продолжена се додека се смета за закана за општеството, што веројатно ќе биде до крајот на неговиот живот.

LEAVE A REPLY