Големи дефекти на водоводната мрежа во Штип. Испукани цевки оставија без вода многу семејства

Големи дефекти на водоводната мрежа во Штип. Испукани цевки оставија без вода многу семејства:

  • Наши екипи се 24 часа на терен. Во моментов работиме на три локации во градот, Бранко Ѓорѓиев , рак. на РЕ Водовод и канализација – Штип.

Во поголем број случаи се работи за делови од јавната водоводна линија, но во многу случаи пукнати се и индивидуални цевки на граѓаните:

  • Имаме поплавени станови и мораме да ја исклучиме водата додека не се санира состојбата, кажа Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.

Состојбата е лоша, но се прават натчовечки напори да се обезбеди нормално водоснабдување на градот:

  • Апелираме за разбирање, но и за рационално користење на водата. наместо да се оставаат славините да се заштитат водомерите и чешмите, кажа Бојаџиев.

Дополнителен проблем е и енормната потрошувачка на вода која со ниското ниво на подземните води, го отежнува водоснабдувањето во високите зони.

Со водата мора рационално, во спротивно – проблемите и недостигот ќе го почувствуваме сите.

SHARE

LEAVE A REPLY