Екипите на СВР и Општина Штип најубедливи вчера на „Водици 2017“

Во синоќешните натпревари од третото коло на турнирот „Водици 2017“ под покоровителство на штипскиот градоначалник и митрополитот Брегалнички, г. Иларион, екипите на СВР Штип и Општина Штип со најубедливи победи. СВР Штип го совлада Дома Кафе со 7 спрема 0, Дани го совлада Руски Кафез со 3 спрема 1 и во последниот натпревар за вчера, Општина Штип го совлада Вил Хил со 9 спрема 3.

Вечерва од 18 часот се среќаваат Черења со Лаш Компани од 18 часот. Ти Стајл игра со Кежовица од 18.40, а Добри Деца ќе ги одмерат силите со Виртуози од 19.15.

Љубителите на футсалот можат да ги просладат натпреварите во салата на Основното Училиште „Тошо Арсов“.

SHARE

LEAVE A REPLY