Кочански „Амфенол“ со нов управител

Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од  Кочани доби нов управител. Американскиот инвеститор  го постави Германецот Дитрих Ермантраут за  новиот управител.

Претходно на оваа позиција беше Џон Винсент Тренор од Детроит, САД.

Американски „Амфенол“ во 2014 година отвори фабрика за производство на автомобилски делови во Кочани. Производните капацитети во земјава на овој инвеститор изминативе години се зголемија на три.

SHARE

LEAVE A REPLY