Обама го оддржа последниот говор, со кој не потсети дека САД се нација број еден а сите други се вазали !

Американскиот претседател Барак Обама, во својот проштален говор, кажа дека САД се соочуваат со голем испит за својата демократија, а Американците ги повика да се борат за американските вредности и да ја отфрлат дискриминацијата.

„Демократијата бара чувство на солидарност. И покрај разликите, во ова сме влезени сите заедно. Се воздигнуваме и паѓаме како еден“, истакнал во својот емотивен говор, на моменти и низ солзи претседателот во заминување.

Обама кој претседателската функција ја обавуваше во два мандати потенцирал дека Америка е „подобра и посилна“ отколку пред осум години кога станал претседател.

„Да, ние тоа го направивме“, рекол Обама, алудирајќи на паролата „Да ние тоа го можеме“, која ја кажа во ноќта кога победи на изборите.

Говорот Обама го одржа пред 18.000 луѓе во родниот Чикаго, каде во 2008 година ја прослави победата на претседателските избори.

Тој се осврна и на борбата против тероризмот, наведувајќи дека биле елиминирани илјадници терористи, меѓу кои и Осама бин Ладен.Обама ги повика луѓето да бидат внимателни, но да не се плашат.

На ривалите Русија и Кина, Обама им порача дека не можат да се мерат со влијанието кое Америка го има во светот.На незадоволството од публиката што Доналд Трамп ќе ја преземе власта, Обама рекол:

„Не, не, не, не. Мирниот пренос на власта помеѓу претседателите е заштитен знак на американската демократија“ – кажал тој.

Сепак тој предупредил дека постојат работи кои и се закануваат на американската демократија, меѓу кои се економската нееднаквост и расната поделба.Барак Обама на 20.јануари ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

LEAVE A REPLY