Освен возачите, на мразот особено да внимаваат и пешаците

Освен возачите, на мразот особено да внимаваат и пешаците. Особено опасно е  откако падна новиот снег, па мразот одозодола на многу места не се гледа. Поради ова, републичкиот совет за безбедност во сообраќајот излезе со препораки за пешаците.

Движете се по тротоарот секогаш кога тоа е можно – Доколку не сте во можност да се движите по тротоар и го користите коловозот, тогаш движете се до крајниот лев раб од коловозот и следете ги возилата кои ви доаѓаат од спротивната страна.

Чекорете бавно и сигурно со целото стапало.

Избегнувајте да носите торби и други предмети кој ја нарушуваат вашата рамнотежа. Никогаш не се движете со рацете во џеб.

Не ја преминувајте улицата сѐ додека не сте сигурни дека возилата кои се движат по коловозот ве забележале и се во состојба безбедно да го запрат своето возило. Имајте предвид дека на возилата им е потребно повеќе време да запрат и сопирачкиот пат е подолг од вообичаено.

За крај запомнете : Внимателно учество во сообраќајот не е грижа само на возачите. Секој од нас има обврска да се грижи за својата безбедност и да дава личен придонес за непречено одвивање на сообраќајот.

SHARE

LEAVE A REPLY