Освен времето, во длабок минус се и превозниците. Со камионите блокирана и работата

Освен времето, во длабок минус се и превозниците. Со камионите блокирана е и работата на околу 100 камионџии во регионот , од кои дел се дома, но добар дел се заглавени на патиштата.

Сево ова, компаниите ги чини и до 450 евра поединечна дневна штета, пресметале транспортерите:

  • Загубите се сметаат по поминат ден и во некои случаи достигнуваат и до 450 евра по камион, кажа Билјана Муратовска, Здружение на превозници „Макам транс“.

Оние кои сепак се движат имаат дополнителни трошоци зашто возењето на суви коловози и на снег и минусни температури не е исто:

  • Тури кои се минувата за само еден ден сега траат и по неколку денови. Губиме и ние, но и целото стопанство , рече Муратовска.

Идентична е состојбата и со таксистите. Добар дел од нив се  исклучија од сообраќа, а оние што работат имата повеќе зијан отколку ќар:

  • Возилата постојано работат, акумулаторите се трошат, се троши повеќе гориво, вели такси превозник.

Ако продолжи вака, освен народот, на мразот ќе се лизне и профитот.

Само денес за влез во Грција беа блокирани 70 камиони, а изминатите два дена, заглавените камионџии на Табановце пресметале 10.000 евра штета.

SHARE

LEAVE A REPLY