Паунов наскоро се враќа во игра во ФК „Осогово“

Еден од најдобрите играчи на кочанскиот фудбалски клуб Осогово, Драган Паунов, бил успешно опериран во Скопје, после тешката повреда на менискусот на десното колено.

Ова значи дека Паунов се враќа во игра во втората половина од пролетната полусезона, што ќе значи големо засилување за кочанскиот клуб.

Но, Паунов веројатно нема да биде доволен кочанчани да ја видат втората фудбалска лига во својот град. Нови имиња помеѓу играчите веќе има или се најавени кај третолигашите „Беласица“, „Каменица Саса“, „Овче Поле“, а „Плачковица“ освен со играчот Варадиновски, се поднови и со новиот тренер, Јовица Трајчев.

За разлика од останатите, Осогово нема никакви новитети, ниту најави за такво нешто, што го храни скептицизамот дека во Кочани во скоро време ќе се заигра второлигашки фудбал

SHARE

LEAVE A REPLY