Снегот повторно направи проблем. Неколку патни правци забранети за камиони

Снегот повторно направи проблем. Неколку патни правци забранети за камиони. Од вчера, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец  Берово – Виница – Кочани, информираат од Автомото сојузот.

Во клисурите можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево и Виница – Берово.

Само од страна на Кочанската подружница на Македонија пат се исфрлени 260 т. сол и ризла:

  • Постојано сме на терен, засега е непрооден само патот Соколарци – Жиганци поради силни наноси од снег, кажа Влатко Митев, раководител на Македонија Пат – Кочани.

Новиот снег кој падна вчера направи дополнителен проблем и во градските средини:

  • Се обидуваме да стигнеме секаде, постојано фрламе абразиве материјал, рече Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипин“ – Штип.

Вака ќе биде се до петок, кога се очекува барем дневните температури да бидат позитивни. Дотогаш, студот и снегот ќе држат цврсто.

SHARE

LEAVE A REPLY