Студот до сега однесе над 70 животи низ Европа !

Во Македонија има 3 смртни случаи, во Албанија еден, во Романија 6 лица починаа од студ додека во Украина починаа 24 луѓе и 10 во Белорусија.

Ниските темперетури земаат данок низ Европа и чинат човечки животи.За 24 часа во Полска 6 луѓе починаа од смрзнување а од 1 ноември лани до сега починаа 71 човек во Европа од студ. Студениот бран однесе над 60 жртви во Полска, Романија и други балкански земји.

Полската полиција апелираше граѓаните да им помагаат на загрозените, бездомниците, а старите луѓе да не излегуваат ако немаат потреба. Во Македонија има 3 смртни случаи, во Албанија еден, во Романија 6 лица починаа од студ додека во Украина починаа 24 луѓе и 10 во Белорусија.

Русите годинава го имаа најстудениот Божиќ во последните 120 години. До крајот на неделата во некои делови на Европа ќе биде и -40 степени.

LEAVE A REPLY