Турција е незадоволна од третманот во НАТО и од ЕУ – Можно ли е да излезе од алијансата и да се здружи со Русија ?!

Лидерот на руските Либерал демократи изјави дека Ердоган му сугерирал дека Турција би можела да го напушти НАТО.

Таканаречената „Шангајска петорка“ (Русија, Кина, Казахстан, Киргистан и Таџикистан) беше формирана во 1996-та година, а во 2001-ва година беше преименувана во SCO откако се вклучи и Узбекистан.

Потоа, статус на надбљудвачи во SCO им беше доделен и на Монголија, Иран, Белорусија и Авганистан. Индија и Пакистан пристапија во 2016-та година и оваа година ќе станат полноправни членки. Од друга страна, Турција е „партнер во дијалог“ од 2012-та година.

Русија сака Турција да пристапи во SCO од три причини – да ги зближи односите со Анкара, поради економски причини и поради безбедносни причини.

Од економска гледна точка, Турција може да ѝ послужи на Москва како енергетска централа за спојување на Европа и Азија, а од безбедносни причини, Турција ѝ е потребна на Русија поради актуелната ситуација на Блискиот исток.

Либерал демократот Жириновски после ноемвриската посета на Турција изјави дека Ердоган лично побарал Русија да помогне во турските напори за приклучување во SCO, по што јасно е дека Турција може да ја напушти НАТО Алијансата.

Русија досега на SCO гледаше повеќе како на безбедносно-политичка организација, отколку економска, па затоа шансите на НАТО земја да пристапи се сериозно намалени, иако напорите на Анкара се добредојдени во Москва.Ќе се види за кратко време дали станува збор за шега или за реална можност Турција да излезе од НАТО.

LEAVE A REPLY