ФОТО: Безобразен напад на беровскиот градоначалник врз нашата дописничка Такева – ТВ „Стар“ ги прекинува контактите со Наџински а Такева ќе тужи !

За да си ја покаже културата човек, не треба многу.Доволни се два збора за да се види до каде може да се оди со човечкиот однос, посебно кон новинарите.

Градоначалникот на Берово, Драги Наџински денес упати безобразни коментари за нашата дописничка Даниела Такева. Ретки се луѓето во оваа земја кои знаат џентлменски да поднесат критика.Во случајов, само ја видовме нервозата на човек кој треба најмногу да внимава на зборот. Алал нека му е !

Оваа e неписмена. Незнам каква награда добила но знам кој и ја доделил. Таа е новинарска проститутка ништо повеќе. Сега знам за овој мој коментар ќе напише нешто лошо за мене или за Берово, но се навикнавме, не е страшно, ја прочита народот – напиша Наџински.

Такева ќе го тужи градоначалникот Наџински а ТВ Стар ги прекинува сите контакти со беровскиот градоначалник !

Инаку, мистериозно исчезна и коментарот…од страв или се покајал ?

LEAVE A REPLY