Штип и ова утро се разбуди со -14 степени и со снежна покривка од 14 сантиметри !

Снежната покривка во Штип во 8 часот утрово е 14 сантиметри а исто толку е и темперетурата, односно 14 степени целзиусови.

Времето денес, слично на вчерашното, односно во јужните делови претежно облачно со локален слаб снег а во северните делови ќе има намалена облачност и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -9 до -3 степени.

И утре изутрина утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка

LEAVE A REPLY