Руски лек за нормален крвен притисок

Високиот крвен притисок е проблем кај многу луѓе. Тој може да се контролира со рецепти од народната медицина. Ако сте доволно трпеливи и истрајни, користејќи го рецептот кој денес го избрав за вас, ќе го стабилизирате нивото на крвниот притисок барем за во идните две години.

Што е потребно за да го направите овој природен лек?

– ½ литар вода

– 1 чаша млади борови врвови

– иста количина мелена сува шипка

– истата чаша за мерка ја користите и за да дозирате истолчени суви обвивки од кромид

– потребни се и од 10 до 15 сечкано листови од црница

Измешајте ги сите состојки во сад. Полијте  ги со вода и оставете ги да се варат  10 минути. Потоа тргнете го од огнот и  веднаш процедете го подготвениот лек.

Подгответе количина е за два дена. Распределбата зависи од вас, не е потребно да се пие на гладно. Може да го подобрите вкусот ако додадете малку мед.

Консумирањето на овој напиток треба да биде континуирано 4 месеци. Подобрувањето почнува да се забележува уште во првата недела. Прво исчезнува непријатната главоболка, е во истовреме, освен што го нормализира притисокот, го зајакнува имунолошкиот систем, а помага и при болно крварење од непцата.

SHARE

LEAVE A REPLY