Природа и здравје – Препарат против комарци

Како растат температурите, се зголемува и присуството на досадните комарци.
За заштита од нив во продавниците има широк избор на средства, но во повеќето случаи, овие препарати не даваат добар резултат и се штетни по нашето здравје.
Многу подобар избор се природните средства против комарци кои штитат, но не го загрозуваат здравјето.
Имате две алтернативи за заштита и тоа со лимон.
Првата опција: Најдете го вистинското место во собата за да не го нарушите ентериерот. Направете силен чај од свежо нане. Откако ќе го подготвите чајот, внатре додадете и неколку свежи ливчиња од нане. Конечно додадете сок од еден или два лимони. Садот со подготвената ставете го до креветот и уживајте во мирен сон.
Втора опција: земете два – три лимони, пресечете ги на половина и боцнете во нив пупки суво каранфилче.
За уште поголем ефект може да користите преработено каранфилче – зачин.
Сменете го лимонот откако ќе се исуши.

SHARE

LEAVE A REPLY