Влатко Костов од денеска е тренер на Ренова

Раководството на Ренова не го крие задоволството што успеа да го донесе штипскиот стратег Влатко Костов за тренер на гипсарите.

Во соопштението на клубот стои:

„Можеме да кажеме дека сите во клубот, и ние од раководството но и играчите, сме задоволни што Влатко Костов се врати кај нас, во Ренова. Задоволството е уште поголемо, ако се знае дека успеавме да го ангажираме еден од најдобрите но и најскапи тренери во Македонија. Секако дека со Костов во блиска иднина очекуваме и подобри резултати на клубот“

Ова не е прва соработка на Костов со Ренова, претходно тој со овој клуб освои две титули, државното првенство и Купот на Македонија.

Инаку, Костов беше ангажиран и од Брегалница во втората половина од сезоната 2014/2015, каде од 13-те бодови во првата полусезона, успеа да освои 35 во втората, во која загуби само еден меч, а Брегалница го постигна државниот рекорд од 10 натпревари во низа без примен гол, а тогашниот голман на сините, Гачевски, се пласираше на 50-то место на светска ранг листа по најмал број на примени голови.

Влатко Костов е двократен најдобар тренер во Македонија, поранешен заменик селектор на репрезентацијата и поранашен тренер на клубот Раед од Саудиска Арабија.

Досега се појавија неколку шпекулации, но и иницијативи за враќање на Костов на кормилото на Брегалница, но тоа до испаѓањето на сините во втора лига, не се случи.

SHARE

LEAVE A REPLY