ВУДЕО: Уште еден стрип јунак на „Марвел“ доби филм – Идната година ќе заигра „Црниот пантер“ !

Marvel го објави првиот трејлер за „Black Panther“, новиот суперхеројски филм според ликот на Црниот пантер. Премиерата е закажана за 16 февруари 2018 година.

Во главните улоги се појавуваат Чедвик Босман, Лупита Нјонго, Мартин Фримен, Анџела Басет, Енди Серкис, Форест Витакер и други. Филмот е во режија на Рајан Куглер.

Црниот пантер е првиот црн суперхеројски лик во историјата на Marvel. Во стриповите, тој има диплома по физика од Оксфорд, се бори против Кју Клукс кланот и девојка му е Сторм од X-Men.

LEAVE A REPLY