Ивана Ѓоргиева и Кристина Манева Ѓоргиева ќе настапат на светски турнир по одбојка на плажа во Либан

Двете штипски одбојкарки на плажа, Ивана Ѓоргиева и Кристина Манева Ѓоргиева најавуваат добри резултати на турнирот во Либан кој ќе се одржи на средината на јули.

  • Сега ни претстои турнир во Либан. Активно се подготвуваме, но кондиционо, бидејќи немаме терени за одбојка на песок. Се надеваме дека ќе се вратиме со резултати, изјави Кристина Манева Ѓоргиева, одбојкарка.

Конкуренцијата во Либан ќе биде голема, бидејќи станува збор за турнир од светско ниво, а ќе настапуваат и земји кои имаат свои лиги во одбојка на песок.

Инаку, двете штипјанки штотуку се вратија од турнир во Бугарија.

  • Туку што се вративме од одбојка на плажа, поминавме добро на турнирот, со оглед на тоа дека системот беше малку неповолен, а се играше на принципот на елиминација. Меѓутоа беше супер дружба, супер искуство за нас, во секој случај. Екипите беа од светско ниво, од Европа беа сите земји, плус и Мексико и ние бевме среќничките да токму нам ни се погодат, да играме со нив во комбинација, изјави Ивана Ѓоргиева, одбојкарка.

Но, одбојкарките се соочуваат и со големи предизвици, како спонзорската поддршка.

  • Штип важи за спортски град и постои голема морална поддршка, но кога треба да се патува некаде, има голем проблем околу финансирањето. Либан бара сериозна инвестиција, бара многу средства за учество таму, пред се финансиски, но и административни. Но, веќе се снајдовме, одиме со спознори, многу штипски комапнии ни излегоа во пресрет, изјави Кристина Манева Ѓоргиева, одбојкарка.

Двете одбојкарки за големите натпреварувања се подготвуваат во спортска сала, а на терен со песок тренираат само во пробите пред натпреварите.

Но, и покрај предизвиците да се тренира во услови без терени со песок и тешкотиите во спонзорирањето, сепак Ивана и Кристина остануваат во овој спорт, со цел да постигнат што поголеми резултати, со кои Штип и Македонија, ќе ги направат горди.

SHARE

LEAVE A REPLY