Симболот на Копенхаген, „Малата сирена“ офарбана со сина боја !

Непознати вандали ја полеаја со сина и бела боја познатата бронзена статуа „Малата сирена“ во центарот на Копенхаген, објави полицијата на Twitter што е втор ваков инцидент во последните две седмици отако еден од симболите на данската престолнина беше обоен со црвена боја.

Статуата висока 1,5 метар, најпознатиот симбол на Копенхаген, пред две седмици беше од „главата до опашката“ бојадисан во црвена боја. Полицијата тогаш објави дека причината веројатно за тој вандализам бил протестот против ловот на китовите на Фарските острови.

Овојпат причината е позагаточна. Под скулптурата е напишано „ослободите го Абдула“. Полицијата во средата на Twitter објави дека трага по русокоса девојка, висока 1,70 метар.

LEAVE A REPLY