Внимателно. Најризично за раѓање е во Кочани и Виница

Внимателно. Најризично за раѓање во регионот е во Кочани и Виница. Овие две општини во континуитет покажуваат висока смртност на новороденчиња.

За четири години, во овие две општини е регистрирана смрт на 24 новороденчиња, што е дури 43 % од вкупниот број на починати бебиња во целиот регион, кој изнесува 55.

Од 2013 година наваму, во Кочанската болница е пријавена смрт на 15 новородени, додека во Виница тој број изнесувал 9.

Ова е состојба која се провлекува со години, па оттука и сомнежот кај дел од мајките дека децата за кои им е кажано дека се мртви, можеби тоа и не се.

Таков е случајот, со 62 годишната Даринка од виничкото село Липец чија приказна вчера ја пренесе ТВ Стар. Таа е убедена дека ќерката која ја родила на 13 јуни 1988 година во кочанската болница, а за која утредента и рекле дека е мртва , всушност, сé уште е жива. Ниту таа, ниту многу други мајки кои низ годините се соочиле со  иста болка, не добиле никаков документ од кочанската болница дека нивните деца се мртви:

  • Не ми дадоа ни извод, ни посмртница, никаков документ немам дека детето ми е мртво, рече Даринка Соколова

Генералнпо, на ниво на регион, годишно умираат во просек по околу 10-13 бебиња. На листата со најголема смртност, покрај Кочани и Виница, последните две години се јавуваат и Пробиштип,  Берово и Делчево. Ова, невладините го препишуваат на ниската здравствена едукација на дел од населението:

  • Неопходно е да се укене и незаконското наплаќање на преглед кај матичните лекари за жените почесто да одат на контроли и да с подигне здравствената свест, истакна Санела Абдулова, НВО КХАМ.

Инаку, во последните 4 години година со највисока смртност на новороденчиња е 2014-та кога се регистрирани 19 смртни случаи. Од нив 6 се во Кочани, а по три во Виница, Зрновци и Пробиштип.

SHARE

LEAVE A REPLY