Заврши Државното изборно првенство во карате. Последниот збор го има федерацијата

Завршија Државното изборно првенство во карате и Плеј офот за избор на репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Санта Круз де Тенерифе во Шпанија од 25 до 29 октомври годинава, по што веќе се познати и имињата кои би можеле да патуваат на шампионатот.

Од клубовите на истокот највисоко се пласираше карате клубот Штип, на 4-тата позиција. Далеку подолу на листата е кочански Партизан на 23-тата позиција, 24 е карате клубот Кочани, 25-ти е Астибо, а 26-тото место го делат Македонка и штипски Партизан.

Сепак, сеуште не е сигурно дека сите оние каратисти кои обезбедија први места ќе патуваат на Светското Првенство, бидејќи постои критериум со кој се бараат и број на победи. А освен тоа, последниот збор за патниците во Шпанија го има Карате Федерацијата на Македонија.

SHARE

LEAVE A REPLY