Исчезнува тутунот во Делчевско

Со мотика в раце и вреќа со свежа трева за козата, се враќа од нивата 85-годишната Роса од делчевско Вирче. Таа цел живот се занимава со земјоделие, но додека била млада садела по 6 декари тутун, но тутунот бара многу работа, а сега нема кој да го работи.

  • Сме садел тутун, по 6 декари место, а корење кој знае колку биле. Од тутунот куќа направивме, децата ги школував, ама  млад ми умре сопругот, нема кој да сади, тутунот е арен, сега е скап ние ко работевме не беше. По 1000 кг сме продавале, децата не сме ги оставале на мира, вели Роса Стојменовска, жител на с. Вирче.

Дека младите полесно и повеќе печалат по нивите во странство отколку дома потврдуваат и нејзините соселани.

  • Никој не сака да сади, младите избегаа во странство и секако бегаат од тутунот, велат жители на с. Вирче.

Селото Вирче е едно од поголемите села во Делчевско и овде верни на тутунопроизводството останале неколку семејства кои заедно со тутунопроизводителите од општината, склучиле вкупно 50 договори со откупувачите и посадиле едвај 11 хектари со тутун, површина што е за 30% помала од лани. Или според податоците од МЗШВ, од Општина Делчево годинава се очекува да се откупат само 20 тони тутун.

SHARE

LEAVE A REPLY