Лани, за капитални проекти Штип инвестирал близу три милиони евра

Лани, за капитални проекти Штип инвестирал близу три милиони евра. Ова го покажува финансискиот извештај за последниот квартал од минатата година, според кој делот на капитални расходи е реализиран со над 180 милиони денари што е близу 80 % од планираното.

Во овие средства главно спаѓаат реконструкции и асфалтирања на повеќе улици во градот, реконструкција на тротоари, кофинансирање за ИПА проекти и слично:

  • Најголем дел од средствата завршија за асфалт, изградба на водоводна и фекална канализација и партиципација за Паркот на Макфест, кажа Кире Јорданов, Одд. за јавни набавки за о. Штип.

Инаку, комплетното остварување на буџетот за третиот квартал за 2016 год. изгледа вака:

  • Остварувањето на приходите во буџетот за 2016 г. з атретиот квартал е во износ од 797 мил денари или 86 % од планираното, а основниот буџет е остварен во износ од 384 мил ден. односно 80 %. Реализираните расходи на основниот буџет се во износ од 376 мил. ден или 78 %, појасни Трајче Цветков, рак. на Одд. за финансии и буџет на о. Штип.

Она што паѓа во очи се приходите по основ на данок на имот кои општината ги реализирала со 104 %. По овој основ , од граѓани и фирми лани општината собрала 73,5 милиони денари или околу 1,2 милиони евра.

SHARE

LEAVE A REPLY