Штипската библиотека набави книги за слепи лица

Конечно и слепите лица во Штип ќе можат да ги користат услугите на штипската библиотека. Ова го овозможува набавката на книги напишани со т.н. браево писмо кое го користат лицата со оштетен вид:

  • Набавени се 20 книги од современа македонска поезија и проза, а од понеделник очекуваме да добиеме и звучни книги наменети за децата. Станува збор за аудиопримероци на бајките на Андерсен, изјави Милена Ристова Михајловска, дир. на НУБ „Г.Делчев“ – Штип.

Во Штип има околу 200 слепи или лица со проблеми со видот и ова е првпат тие да добијат можност да изнајмат книга на браево писмо од библиотеката:

  • Ние одамна се бориме за вакво нешто и сме презадоволни што конечно го имаме како право и што библиотеката мисли и за нас, кажа Ѓорѓи Ѓорѓиев, секретар на Здруж. на слепи лица – Штип.

Ова, меѓу другото е дел и од интенцијата на Сојузот на слепи книгите и документите да се направат достапни и з аоваа категорија на луѓе:

  • Наша интенција е секоја општина да има брајов печарат и обучено лице з аработа, за барем стратешките документи на општините да бидат достапни за слепите лица, кажа Тони Бајлаков, секр. на Здруж. на слепи од о. Велес.

Инаку, Штипската библиотека и досега имаше книги со браево писмо, но истите не беа достапни за читателите зашто беа дел од Депозитното одделение како т.н. задолжителен примерок.

Денес набавената литература е наменета за изнајмување и неа слепите ќе можат да ја подигнат од библиотеката или , пак, преку активноста „книга за инвалиди“ ќе им биде доставена дома.

Целиот проект е во вредност од 100.000 денари, од кои 70 % се потрошени за книги на браево писмо, а 30 за набавка на звучни книги.

SHARE

LEAVE A REPLY