Автобиографија на една автентична егејка

Спомените од детството, животот во егејска Македонија и спомените на своите предци, но и животот после Граѓанската војна и прогонството на егејските Македонци кое траело повеќе од деценија, беа составен дел од Автобиографијата на Марија Димкова.

  • Три години сум била јас кога сме пребегале. Ми плаче душата, не ми се радува. Толку убав крај, да страдаме, да се мачиме по туѓите земји толку години, 15 години се селевме. Од Пожарско кога се иселивме па се до Битола, тоа беа пеколни 15 години, раскажува Марија Димкова, автор.

Димкова и ден денес го посетува своето родно Пожарско, каде, како што вели, сеуште не е убиен македонскиот дух кај локалното население.

  • Сеуште има надгробни плочи на кои пишува на македонски и на Кирилица. Во мое време баба ми кажуваше дека имало 400 куќи, ама по 5-6 души, па и 10 во куќа, тоа е многу. Сега се веќе помалку, една куќа двајца, тројца до петмина најмногу, дополни Димкова.

Своја оцена за Автобиографијата дадоа и рецензентите Грашеска и Барбареев.

  • Тоа е дело коешто изобилува со историски факти, а исто така има и факти кои до ден денес не се објавени во таков вид, кажа Добрила Грашеска, рецензент.
  • Многу интересно, на моменти многу емотивно, полно со емоции коишто не може ниту еден македонец да го остави рамнодушен, истакна Кирил Барбареев, рецензент.

Но, освен спомените на родниот крај, егејските Македонци ги охрабрува и новиот дух во односите меѓу Македонија и Грција, поради кој се надеваат на решавање на нивните дологодишни спорови околу имотите, со кои Грција освен духовна, им нанела и материјална штета проценета на 10 милијарди евра.

  • Очекуваме големо унапредување затоа што Никола Димитров, односно неговиот татко е роден во Егејска Македонија. Очекуваме со помош на Владата и институциите решавање на нашите проблеми, изјави Стојан Димков, Здружение „Македонски Егеј“.

Со Автобиографијата, Марија Димкова, им остави аманет на идните генерации да не ги заборават своите корени и да ја негуваат традицијата на еден од културно најбогатите краеви на Македонија, егејскиот.

SHARE

LEAVE A REPLY