Бујар Османи, портпаролот на ДУИ контра Заев: Наскоро Албанскиот јазик од локален ќе стане централен !

Новиот закон за јазици треба да го унапреди албанскиот од локална во официјална централна употреба, изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи во интервју на телевизијата Алсат М.

-Круцијално унапредување што треба да го донесе овој предлог-закон е од локална официјална употреба, албанскиот да го претвори во официјална централна употреба во централните институции. Тука граѓаните ќе ја видат разликата – изјави Османи.

Тој додаде дека законот ќе се донесе за неколку недели или месеци, изразувајќи надеж дека ќе го поддржат сите политички партии во парламентот.

LEAVE A REPLY