Истокот, шанса бара во алтернативниот туризам

Алтенративниот туризам и понатаму останува единствена шанса за развој на оваа стопанска гранка во Источна Македонија која има голем потенцијал да му донесе развој на регионот, потенцираат експертите.

  • Алтернативниот тиризам ги подразбира сите форми кои се спортивни на масовниот туризам, море, скијање, така што единствена можност е тој, но не е мала можност која може да доживее соодветна експанзија, изјави Леонида Башева Ризаова, НВО –Балканија.

Сепак,иако со години се зборува за алтернативните форми на туризмот и одличната база што ја има овој регион, сепак, регионот се уште прави „грешки во чекори“.

  • Поддршката на индивидуалци, треба да е поизразена и тука регионот греши Можеби звучи како минимален напор, еве на пример фестивалите, но таквите иницијативи секоја година се подобруваат, кажа Башева-Ризаова.

Можност регионот да стане видлива туристичка дестинација, каде ќе се обединат сите потенцијали на едно место дава и компјутерската технологија.

  • Генерално, компјутерската технологија може да донесе поврзување на локалната самоуправа, НВО, КУД, сите чинители на еден субјект треба да дејствуваат во насока на добар производ, потенцира Мартин Петковски ,Стопанска комора за туризам на Македонија.

Сите се согласни дека Источниот регион е прекрасен и дека постои убава можност да се користат европските и светските искуства за да се направи овој регион посакувана дестинација. Последниве години, инвестициите во забавни паркови, адреналинската патека во Пехчево, велосипедските и планинарските патеки во Малешевијата, фестивалите, традиционалната кујна и убавата природа, можат да одговорат на барањата на современиот турист, само сето ова треба да има поголема видливост и промоција, за да стиген до потенцијалниот турист.

SHARE

LEAVE A REPLY