Легализацијата неефикасна. За само една година, 180 нови дивоградби на Истокот

Во политиката матно – нови 5 минути за дивоградбите. Никнувата како печурки после дожд. Секој два дена, во регионот се градела по една куќа на диво. Вкупно, за една година тоа се 180 дивоградби.

Особено неконтролирано, во сите општини од регионот се градеше во периодот од истекот на мандатот на градоначалниците до неговото продолжување. Во тој еден месец, само во Штип се регистрирани шест дивоградби:

  • Најголем дел од нив се регистрирани во нас. „8-ми Ноември“ и во Ромското маало, изјави Илчо Захариев, градоначалник на о. Штип.

На ниво на регион, за една година најмногу дивоградби се изградени во Штип  87; сладува Виница со дури 37 и Кочани со 26. Во останатиет општини, бројот на дивоградби се движи од една до 8.

Сите овие градби, најчесто куќи, се градени откако важноста на Законот за легализација на дивоградбите истече, па прашање е како општините сега ќе се справуваат со нив:

  • За сите нив е направен записник и доставен до надлежните органи. Сопствениците ќе добијат решение за нивно отстранување, а во спротивно рушењето ќе го спроведе Општината, а трошоците ќе ги платат тие, појасни Драган Ристов, советник за односи со јавноста во о. Штип.

Во меѓувреме и  легализацијата на оние објекти за кои барања се поднесени навреме е доведена во прашање поради ненавремено доставени документи:

  • Рокот за поднесување на елаборати истекува и тоа е еден од проблемите кој во наредниот период треба да се решат, кажа Славчо Трпески, дир. на Агенција за Катастар на РМ.

Досега, со процесот на легализација во Катастарот с евпишани над 180.000 објекти, додека за околу 15.000  постапката е стопирана. Од нив, околу 3.000 се во општините од источниот регион.

SHARE

LEAVE A REPLY