Петти меѓународен меморијален турнир „Борче Кикиритков“

Пинг понг клубот Шампион ФА по петти пат го организира меѓународниот меморијален турнир „Борче Кикиритков“ под покровителство на македонската пинг понг федерација во салата на основното училиште „Тошо Арсов“.

  • Се одржуваат натпревари во пионерска и младинска конкуренција, а утре, на 18 јуни, се главните натпревари во апсолутна сениорска категорија и категорија ветерани од 25 до 45 години, од 45 до 60 години и 60 години плус. Се надеваме дека ќе бидеме добри домаќини, учествуваат учесници од целата наша држава и од балканските простори, од Србија, Бугарија и Косово, изјави Сашко Богатинов, организатор на турнирот.

Со овој турнир по петти пат, Штип и Шампион ФА се докажуваат како добри домаќини и организатори на вакви меѓународни спортски манифестации.

  • Ќе покажеме дека градот Штип, ќе биде добар домаќин и дека е еден од основните фактори во македонскиот пинг понг. Во иднина се надеваме дека со соработката со федерацијата и со новите опреми кои простигнаа, Стак, ќе се организираат уште поголемни турнири, и македонскиот пинг понг ќе тргне по европските патеки, дополни Богатинов.

Меморијалниот турнир се одржува секоја година во организација на Шампион ФА, а во чест на покојниот штипски пингпонгар, Борче Кикиритков.

SHARE

LEAVE A REPLY