Природа и здравје – Намалување на болка при шипови

Прекумерна тежина, проблеми со ‘рбетот, рамни стапала – сето ова може да предизвика појава на шилеста израстоци на стапалото, рамењата или вратот, познати како шипови. Нивното лекување е тешко, но не и невозможно. Во повеќето случаи народната медицина дава одлични резултати.

Денес со вас споделуваме еден ефикасен начин за борба против нив. За да направите компресија, имате потреба од следново:

– жолчка од јајце

– сирови компири

– стерилна газа

– најлон и чисто парче памук.

Намачкајте го болното место со жолчка, а потоа ставете ги тенко исечените – кругови компир. Завиткајте добро со газа, најлон и чисто парче памук. Оставете така да стои во текот на ноќта.

Редовната примена на оваа облога ќе даде резултат по околу 3 месеци. Не е задолжително да ја нанесувате секоја вечер. И да пропуштите ден -два не е страшно, но сепак за да се постигне максимален ефект од рецептот, потребни се упорност и истрајност.

SHARE

LEAVE A REPLY