Промовиран Ротари клуб- Штип, 19-ти во Македонија

Промовиран Ротари клуб – Штип. Во него, членуваат 23-ца штипјани, професионалци во својата работа.

Штипскиот е 19-ти Ротари клуб во Македонија, а е формиран со цел помагање во заедницата, делување хуманитарно, како и работа на подигнување на етичките стандарди за подобар живот за сите :

  • Ние ќе соработуваме со сите институции, ќе работиме секаде кадешто ќе има потреба од помош и унапредување. Ќе се соочиме со сите предизвици и се надеваме и очекуваме соработка со сите поединци и луѓе кои веруваат во оваа добра мисла и во оваа добра идеја, истакна Зоран Колев, претседател на Ротари клуб – Штип.

Првите чекори на делување, Клубот веќе ги зацртал. За почеток, хуманитарниот дел од синоќешната забава оди кај една од најранливите категории на граѓани :

  • Тоа е да се помогне на дечињата од ДСУ „Искра“ во Штип. За таа цел, ќе донираме спортска опрема за децата од ова училиште, кажа Колев.

Инаку, Ротари интернешнл е светска организација на професионалци, кои се здружуваат со цел помагање во заедницата. Во Македонија, Ротари клубови постоеле пред Втората светска војна. Во поново време, првиот обновен Ротари клуб е во Скопје, во 1995-тата година.

Пред две години, беше формиран и Ротари клуб Кочани – Виница, и кој досега има реализирано над 20-тина донации, најчесто во здравството и образованието.

SHARE

LEAVE A REPLY