40 волонтери на Црвениот Крст, три дена кампуваат во Лесново

40 волонтери на Црвениот Крст, три дена кампуваат во преубавото Лесново. За прв пат, млади луѓе од шест општини се собрани на едно место, а домаќини на кампот се пробиштипјани :

  • На наше големо задоволство, во организација на волонтерите од Црниот крст со поддршка од локалната самоуправа, е во тек еден прекрсен настан, тоа е кампот во село Лесново, кажа Ирена Бошкова, организатор.

Викендов, волонтери од Пробиштип, Свети Николе, Велес, Неготино, Радовиш и Кочани на Лесново имаат заеднички активности :

  • Имаат активности од едукативен карактер, но и планинарење, дружење и слично. Се надевам дека ова ќе биде традиција за нашата општина, дополни Бошкова.

Сите нив, ги поврзува најдобрата човечка особина – хуманоста, па оттука и идејата да се разменат искуства, да се продлабочи соработката и во иднина поактивно да се работи на заеднички меѓуопштински добротворни настани.

 

SHARE

LEAVE A REPLY