Британската премиерка Меј непожелна на мисата за починатите во пожарот на лондонската зграда !

Гневни демонстранти ја избркаа британската премиерка Тереза Меј  од катердралата Сент Клементс, каде што се одржуваше миса за настраданите во катастрофалниот пожар во лондонската кула Гренфел.

Само што пристигна со своето службено возило, демонстрантите почнаа да трчаат кон премиерката, а дел од нив се нафрлија да удираат по автомобилот.

Додека обезбедувањето ја смируваше толпата, Меј беше изнесена со полициско обезбедување.  Во големиот пожар, досега загинаа вкупно 70 лица, а стотина се уште се водат како исчезнати. Британската премиерка најави темелна истрага за случајот.

LEAVE A REPLY