Два земјотреса утрово во Македонија !

Два земјотреси со умерен интензитет утрово го потресоа југозападниот дел на Македонија, односно охридското епицентрално подрачје.

Првиот посилниот земјотрес беше почувствуван во 2:01, додека вториот со послаб интензитет во 8 часот изутринава.

Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во подрачјето меѓу градовите Охрид и Ресен.

Интензитетот на првиот земјотрес е 3,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од пет километри, додека вториот е со интензитет од 2,5 степени, лоциран на два километри во земјината кора.

Засега нема пријавени случаи на предизвикани материјални штети, освен вознемиреноста на населението во околните населени места.

LEAVE A REPLY