Девојка од БиХ одела од продавница до продавница и плаќала туѓи долгови !

Непозната девојка посетила неколку продавници во Висока општина во БиХ и ги платила сите долгови на купувачите, кои изнесувале неколку илјади евра, без да каже ни збор за тоа кој е донатор, пишува “Al Jazeera”.

Селма Ковач, вработена во мала продавница во Арнаутовиќи покрај Висока, била премногу изненадена кога во продавницата влегла непозната девојка со специфично барање.

 

“Благо, со тивок глас ме праша дали даваме роба на вересија, дали имаме должници.” На моето зачудено “да”, одговори дека сака да ги исчисти сите долгови до моментот на нејзиното влегување во продавницата. Јас во шок. Се прашувам дали тоа се оние добри луѓе за кои само сме слушнале дека постојат, но не се среќаваат. Сите чувства ми беа помешани”, го опишала своето чудење Селма и додала дека станувало збор за сума од околу 2.500 евра.

LEAVE A REPLY