Кичево: По брачна расправија, сопругата го испрскала мажот со киселина !

Полициска станица Кичево поднесе кривична пријава против В.В. ( 43) од село Брждани кичевско, поради основи на сомнение за сторено казнено дело„ телесна повреда“.

Пријавената казненото дело го извршила на 29-ти мај кога по расправија со нејзиниот сопруг и поради одредени недоразбирања настанал вербален конфликт.

По меѓусебната караница пријавената со солна киселина го испрскала сопругот во пределот на лицето. Оштетениот бил примен во кичевската болница каде биде констатирани повреди во вид на отоци по лицето, како и повреди околу очите.

LEAVE A REPLY