Виница започна со регулација на коритото на Виничка Река

Виница започна со регулација на коритото на Виничка Река. Проектот опфаќа регулација на 420 метри, на потегот од мостот во центарот на градот па кон север до излезот на градот, а истиот  Општината го доби со посредство на Источниот плански регион:

  • Се работи за проект вреден 4.657.986 денари од кои 3.626.441 денари се средства од Министерството за локална самоуправа обезбедени преку Бирото за регионален рамномерен развој. Општина Виница во реализацијата на овој капитален проект учествува со средства во износ од 1.011.544 денари, изјави Драгица Здравева, рак. на Центар за развој на ИПР.

Со работа се почна денес, а ќе се заврши за околу четири месеци:

  • Работите ќе бидат завршени за 120 дена и с енадеваме дека ќе успееме во втора фаза да обезбедиме пари за целосно уредување на реката, кажа Емил Дончев, градоначалник на о. Виница.

Проектот за регулација на Виничка река е еден од трите проекти за  кои Центарот за развој на ИПР обезбеди пари од Фондот за рамномерен регионален развој. Останатите два се  изградбата на регионален етно парк во Зрновци и на спомен обележје во Свиланово, местото на загинување на Никола Карев.

Реализацијата на трите проекти запчна од Виница, во склоп на одбележувањето на Павловден – Денот на Општината.

 

SHARE

LEAVE A REPLY