Природа и здравје – Чај за детоксикација

Најдоброто нешто што можеме да му го направиме на организмот во било кој период од годината е да го ослободиме од штетните токсини. Во оваа насока народната медицина нуди многу рецепти, но за денес го одвоивме следниов.

Потребни состојки: Невен 20g, Глуварче 20g, Коњска опашка 20g, 10g кора од бреза, Пеперминт 10g , див копар10g.

Сите растенија се мешаат. 4 лажици од смесата се прелеваат со 750 мл врела вода, се промешува, потоа покријте и оставете да отстои еден час.

Пијте една чаша наутро, напладне и навечер, ако сакате, засладен со мед. Овој чај се препорачува да се пие 2 пати годишно, во пролет и во есен, за период од еден месец.

SHARE

LEAVE A REPLY